Кошарка

Слукас полесно повреден, се враќа на кошаркарските терени

Слукас полесно повреден, се враќа на кошаркарските терени

Искусниот грчки плејмејкер Костас Слукас во текот на натпреваротсо Олимпијакос  почувствувал неугодност во левото рамо кое и во минатото му задаваше големи проблеми.

Слукас го пропушти второто полувреме од грчкото дерби во кое неговиот тим славеше победа, а нема да биде дел од тимот и во следните десет дена.

Деталните лекарски прегледи открија полесна контузија која ќе го спречи Гркот да настапи на следните натпревари против Макаби Тел Авив во Белград и Аполон Патрон на домашната сцена.

Очекувањата се дека би можел да се врати уште на првиот натпревар против Олимпија Милано од престојното двојно коло во Евролигата во кое покрај со италијанскиот тим Панатинаикос силите ќе си ги одмери и со Жалгирис.

To top