Во рамки на овогодинешниот Ол-стар викенд ќе се одржи и традиционалниот натпревар во шутирање за три поени, на кој ќе настапат осум кошаркари од НБА лигата.
Меѓу учесниците се актуелниот шампион Демијан Лилард, како и Кон Кнепел, а место во натпреварот обезбедија и Џамал Мареј, Боби Портис, Донован Мичел и Девин Букер.
Листата ја заокружуваат Норман Пауел и Тајрис Макси.