Македонија соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: Заев креирал предмети во СЈО, од СДС креирале и лажни предмети за судии, дали и ова СДС на Филипче ја има истата стратегија

Ништо ново на политичката сцена кога е СДС во прашање, само информации за трошење пари на граѓаните, расипништво, непочитување на законите и Уставот, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев креирал предмети во СЈО, од СДС креирале и лажни предмети за судии, дали и ова СДС на Филипче ја има истата стратегија

Ништо ново на политичката сцена кога е СДС во прашање, само информации за трошење пари на граѓаните, расипништво, непочитување на законите и Уставот, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Што е деновиве актуелно од расипништвото на СДС на кое сведочеа деновиве граѓаните? Згаснатото СЈО работеше на раб на законот, најчести гости биле Зоран Заев, Радмила Шекеринска, советници на Оливер Спасовски, главна обвинителска двојка биле Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски, буџетот се трошел за кафиња, лешници, за договори на роднини и пријатели на обвинителите од СЈО, како и на лица од СДС. Овие информации во јавноста ги пренесе, Лејла Кадриу поранешна обвинителка од згаснатото СЈО, актуелен адвокат која пак пред СЈО работела во јавното обвинителство во Тетово. Деталите говорат за тоа дека СЈО непотребно трошело милиони евра на граѓаните. За само два месеци во 2015 година биле потрошени милион евра, а за што очигледно треба да се отвори истрага. Оттука главната обвинителка на СЈО, Катица Јанева која по згаснувањето на СЈО заврши со пресуда 7 години затвор за земање мито, а минатата година доби условен отпуст со обврска да се јавува во Кривичниот суд Скопје до завршување на казната, за себе велела дека е девојка од милион долари. Главни во СЈО, според сведоштвото на Кадриу, биле Ленче Ристоска, претендент за државен јавен обвинител, и Гаврил Бубевски кој сакаше уште еден мандат во скопското јавно обвинителство. Ристоска и Бубевски во СЈО биле познати како лица кои не го почитуваат законот. Двајцата се радувале на присуството на Заев и Шекеринска во СЈО и примале од нив предмети не правејќи никаков записник. Во превод во овие предмети можел секој да земе документ и да додаде нов во секое време. Или кратко кажано, Ристоска и Бубевски само глумат професионалци. Политичкото влијание освен по присуството на лица од раководството на СДС, се гледало и преку присуство на нивни советници. Оттука СЈО наместо институција за спроведување на закон, главно било собиралиште на раководството на СДС. Не само диктати во СЈО, имало обиди и за контрола врз судството кој да биде обвинет, колку лица да бидат во обвинение и кои. А според сведоштвото на Кадриу, на Владимир Панчевски тогашниот претседател на Кривичниот суд во Скопје му креирале лажен предмет. Сега на чело на СДС е другарот на Заев, Венко Филипче кој самиот вели дека е во контакт со учителот. Дали ова СДС со Филипче ја има истата стратегија непочитување на закон и Устав, влијание врз правосудство, кражба на пари на граѓаните како што командуваше Заев? Прашуваат од владејачката партија.

Едно е јасно, ВМРО-ДПМНЕ ќе стави крај на ваквата пракса, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top