Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ годинава ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола.
Подготовките за првиот и најстар фестивал во светот посветен на креативноста на кинематограферите, се во тек и освен филмови на прграмата ќе има дружења со реномираните светски кинематографери и разговори за седмата уметност.
Од своето основање во 1979 година, овој фестивал сведочи за уметноста на кинематографијата, славејќи ги пионерите на филмската камера од Балканот, Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964) Манаки. На 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во текот на седум дена, посетителите можат да очекуваат исклучителен избор на играни филмови, документарни филмови, кратки филмови и студентски филмови кои пленат, инспирираат и предизвикуваат.
И годинава ќе бидат доделени наградите Златна камера 300, Сребрена камера 300, Бронзена камера 300, Железна камера 300, Мала камера 300 и Кристална камера 300, како и почесните награди: Златна камера 300 за животно дело во кинематографијата, Специјална Златна камера 300 за извонреден придонес во светската кинематографија, Златна камера 300 за креативна синергија и Голема ѕвезда на македонскиот филм што ја доделува ДФРМ.