Останати спортови

Норис: Новите правила ќе донесат повеќе хаос нa формула 1 трките

Норис: Новите правила ќе донесат повеќе хаос нa формула 1 трките

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, изјави дека уживал во сезоната во која ја освои првата светска титула во Формула 1.

Британецот до шампионската круна стигна по неизвесна борба со Оскар Пјастри и Макс Верстапен. Тој очекува новата сезона да биде уште понепредвидлива поради новите правила.

„Очекувам повеќе хаос на патеките оваа година, како резултат на новите правила што се воведуваат во Формула 1“, порача актуелниот светски шампион.

Новата сезона во Формула 1 стартува на 8 март со Големата награда на Австралија.

Најнови вести од Останати спортови

To top