Јута Џез на скандалозен начин загуби од Орландо Меџик со 120:117, откако дозволи пресврт во последната четвртина (33:23).
Иако водството се топеше, тренерот Вил Харди не ги врати во игра најдобрите стрелци, Лаури Марканен и Џарен Џексон, кои целиот финиш го следеа од клупата.
Дополнително изненадување следеше на самиот крај од натпреварот, кога при негатива од три поени и седум секунди до крајот, Харди не побара тајм-аут, туку му дозволи на Ајзеја Колиер да шутира тројка по соло-продор, која заврши без успех.
Најверојатно Јута свесно ги губи натпреварите се со цел да бидат во подобра позиција на драфтот, пракса што со години е присутна во НБА-лигата.