Хроника сообраќајна несреќа

Две лица повредени, се судриле со возилата

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.А., а со телесни повреди се здобил П.И., констатирани од лекар во Итна медицинска помош Неготино.

Две лица повредени, се судриле со возилата

На 07.02.2026 во ОВР Неготино е пријавено дека околу 09:35 часот, на регионалниот пат Кавадарци-Неготино, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пежо“ со неготински регистарски ознаки, управувано од З.А.(56) од село Криволак, неготинско и патничко возило „сеат“ со неготински регистарски ознаки, управувано од П.И.(53) од Неготино.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.А., а со телесни повреди се здобил П.И., констатирани од лекар во Итна медицинска помош Неготино.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино.

To top