Хроника ОВР Гостивар

Тешко повредена 73-годишна жена, возило излета од коловоз

Во несреќата, возачот се здобил со телесни повреди, а со тешки телесни повреди се здобила 73-годишната сопатничка Ј.М. од Скопје, констатирани во Ургентен центар во Охрид.

Тешко повредена 73-годишна жена, возило излета од коловоз

На 07.02.2026 во 09:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, во близина на село Скудриње, патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата, возачот се здобил со телесни повреди, а со тешки телесни повреди се здобила 73-годишната сопатничка Ј.М. од Скопје, констатирани во Ургентен центар во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

To top