Кошаркарскиот клуб на Работнички славеше над Кожув со 99:92 во натпреварот од 15. коло на Супер лигата.
Скопските „црвено-бели“ ја прекинаа серијата слаби игри и запишаа важна победа на домашен терен.
Најзаслужен за овој триумф беше центарот Рикиќ кој одигра неверојатен натпревар.
Тој постигна 34 поени и додаде 14 скока за вкупен индекс од 41.
Голема поддршка имаше од Ефремовски кој заврши со 21 поен.
Новиот кошаркар Александар Костоски дебитираше со одлични 20 поени и четири асистенции.
Кај екипата на Кожув најефикасен беше Бојчев кој натпреварот го заврши со 21 поен.