Македонија киднаперите побегнале

Кајмакоски киднапиран, па ослободен во Белград?!

Киднаперите го напуштиле возилото и успеале да побегнат во околната шума.

Во возилото Кајмакоски бил пронајден врзан и во состојба на шок, но без повреди.

Кајмакоски киднапиран, па ослободен во Белград?!

Вчеравечер во Белград се одвивала вистинска драма, во која е вклучен нашиот пејач Даниел Кајмакоски – тој бил киднапиран, држен врзан во автомобил, а српските медиуми објавија и снимки од возилото со кое киднаперите бегале.

Даниел Кајмакоски (43), кој победи на регионалното натпреварување X Factor, ноќеска бил киднапиран, откако имал настап во кабарето „Лафајет“ во Белград.

Тој, спред информациите од српските медиуми, бил пресретнат во близина на „Бетон Хала“ и насилно натеран да влезе во својот автомобил под закана со оружје од двајца непознати мажи.

Напаѓачите го врзале пејачот и почнале да го возат, барајќи откуп од 20.000 евра.

Полицијата се обидела да го застане возилото од марката Волво во рутинска контрола, но возачот почнал да бега.

По ова, полицијата почнала потера по нив, а автомобилот на крајот удрил во банкина на автопатот кај Рума.

Киднаперите го напуштиле возилото и успеале да побегнат во околната шума.

Во возилото Кајмакоски бил пронајден врзан и во состојба на шок, но без повреди.

На интернет се споделува и видео од возилото во кое бил киднапиран Кајмакоски

Најнови вести од Македонија

To top