Кошарка

Историски подвиг на Никола Јокиќ со нов трипл-дабл

Историски подвиг на Никола Јокиќ со нов трипл-дабл

Најдобриот кошаркар во НБА лигата Никола Јокиќ забележа уште еден трипл-дабл во НБА-лигата откако овој пат го надмина легендарниот Оскар Робертсон на вечната листа.

Во победата на Денвер против Чикаго (136:120), тој го забележа својот 182-ри трипл-дабл во кариерата – 22 поени, 17 асистенции и 14 скока.

Јокиќ влезе во историјата по само три четвртини, бидејќи во тоа време беше веќе двоцифрен во сите три категории. Сега само неговиот поранешен соиграч Расел Вестбрук е пред него, кој има 207 вакви остварувања.

Што се однесува до стрелците, само Џамал ​​Мареј (28, 11 аса, 3 скока) и Тим Хардавеј Џуниор (23) беа поефикасни од Јокиќ.

Резултати: Сан Антонио – Далас 138-125, Орландо – Јута 120-117, Аталнта = Шарлот 119-126, Чикаго – Денвер 120-136, ЛА Лејкерс – Голден Стејт 105-99, Феникс – Филаделфија 103-109, Портланд – Мемфис 122-115м Сакраменто – Кливленд 126-132.

To top