Останати спортови

Нов формат на тестовите на MotoGP во 2026 година

Нов формат на тестовите на MotoGP во 2026 година

Со објавувањето на официјалниот тест‑календар за 2026 година, MotoGP ја започнува годината со јасен сигнал: сезонава ќе биде последната според актуелните правила, но погледот веќе е свртен кон револуцијата што следува во 2027.

Новите формати на тестирање, кадровските потези и повредите на врвните возачи создаваат динамична, неизвесна атмосфера пред почетокот на сезоната.

Традиционално, годината започнува со „shakedown“ тестот во Сепанг на крајот на јануари, по кој следат зимските подготовки во Малезија и Тајланд.

Но токму од средината на годината доаѓа вистинската промена. Тестовите во Брно и Шпилберг, кои порано беа редовни официјални денови за работа со мотоцикли, сега се префокусирани кон експерименти со гуми за сезоната 2027, во пресрет на преминот од Michelin на Pirelli.

Првите тестови на патеката за 2026 започнува на 21 и 22 февруари со тестот во Бурирам, каде возачите ќе ја почувствуваат подготвеноста на своите мотоцикли по зимските подготовки.

Следува 27 април со традиционалниот Jerez Test, кој ја отвора европската фаза од подготовките и ќе им овозможи на тимовите да ги финализираат сетапите пред летните трки.

На 18 мај, вниманието се пренесува на Barcelona Test, каде екипите ќе работат на детали и ќе ги тестираат новите компоненти, додека спортската борба веќе се чувствува на хоризонтот пред почетокот на сезоната.

 

To top