Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со одличните настапи на турнирот во Порто, откако избори пласман во полуфиналето со победа од 2-0 во сетови (7-6, 6-3) против грчката тенисерка Деспина Папамичаил.
Во првиот сет се водеше голема борба, но сепак Македонката успеа да го добие со 7:1 во тајбрејк.
Во вториот сет Лина Ѓорческа ја искажа сета своја класа и успеа со 6:3 да го добие и овој сет, но и да стави точка на овој меч кој траеше речиси два часа.