Кошарка

Познат распоредот за машкиот кошаркарски Куп на Македонија

Познат распоредот за машкиот кошаркарски Куп на Македонија

Кошаркарската федерација на Македонија  денеска го официјализираше распоредот и сатницата за четвртфиналните натпревари од Купот на Македонија, „Благоја Георгиевски – Буштур“, кои ќе се одиграат во периодот од 13 до 15 февруари.

На првиот натпреварувачки ден, 13. февруари (петок), ќе се одиграат четвртфиналните натпревари.

Програмата стартува од 12. часот, со натпреварот во кој се среќаваат екипите на ТФТ и Феникс 2010.

Од 14.30 часот, следува натпреварот кој привлекува и најголемо внимание во македонската кошаркарска јавност. Ќе играат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

Од 17. часот, на распоредот е мечот Маџари-Кожув, а од 19.30 часот, за место во полуфиналето ќе разигруваат Пелистер и домаќинот на турнирот, МКК Куманово.

Наредниот ден, 14. февруари (сабота), на програмата се двата полуфинални натпревари.

Првото полуфинале е закажано за 17.часот (ќе играат подобрите од средбите ТФТ-Феникс 2010, Пелистер-МКК Куманово), а нешто подоцна, од 19.30 часот, ќе се игра и вториот полуфинален меч (победниците од натпреварите МЗТ Скопје Аеродром-Работнички и Кожув-Маџари).

Недела, 15.февруари, е резервирана за финалниот натпревар. со почеток од 19. часот.

 

To top