Германскиот канцелар Фридрих Мерц на почетокот на март ќе го посети Вашингтон, во услови кога се прават напори за смирување на трансатлантските тензии меѓу европските земји и американскиот претседател Доналд Трамп, објави денеска германскиот весник „Велт“.
Весникот наведува дека ова ќе биде трета посета на Мерц на САД.
Од кабинетот на Мерц нема коментари во врска со посетата.