Свет УНРВА

Во Газа 570.000 луѓе се соочуваат со катастрофален глад

Во војната на Израел против Хамас, повеќето од 2,3 милиони жители на палестинската територија беа раселени и се создаде акутен недостиг на храна, вода и лекови.

Во Газа 570.000 луѓе се соочуваат со катастрофален глад

Во Газа 570.000 луѓе се соочуваат со катастрофален глад, објави денеска Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) на платформата X.

Во војната на Израел против Хамас, повеќето од 2,3 милиони жители на палестинската територија беа раселени и се создаде акутен недостиг на храна, вода и лекови.

Во Рафа и Кан Јунис на југ, шаторите и импровизираните засолништа го покриваат речиси целото расположливо земјиште, а многу семејства живеат во преполни станови, засолништа на ОН во училиштата или спијат на болнички подови, пренесуваат агенциите.

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OЦХA) овој месец предупреди дека израелските власти систематски го блокираат пристапот до северниот дел на Појасот Газа и испораката на помош, што сериозно ги наруши хуманитарните операции.

Израел, кој претходно негираше дека ја блокирал помошта, денеска на состанокот на Советот за безбедност во Њујорк ќе се соочи со притисок да дозволи повеќе испораки.

Најнови вести од Свет

To top