Хроника не поседувал соодветна документација

Приведен маж, кај него пронајдени 25 туби со по 20 литри нафта

Тој е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Неготино, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Приведен маж, кај него пронајдени 25 туби со по 20 литри нафта

На 04.02.2026 во 17:25 часот во с.Пепелиште, неготинско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграциии го лишија од слобода О.П.(51) од с.Пепелиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од КЗ.

Полициските службеници запреле патничко возило „ровер фрилендер” со велешки регистарски ознаки, кое О.П го управувал и при извршен преглед, во возилото биле пронајдени и одземени 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал соодветна документација.

Тој е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Неготино, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

To top