На денешен ден во 2020-та година почина актерот Кирк Даглас, филмската легенда со шестдецениска кариера. Почина на 103-годишна возраст.
Овој театарски и филмски глумец беше добро познат по низа улоги, меѓу кои и во класичниот Спартак од 1960 година, во кој ја играше главната улога.
Роден во Њујорк во 1916 година, стана славен во холивудската „златна ера“, добивајќи ја својата прва номинација за Оскар во 1949 за боксерската приказна „Шампион“. Тој му беше татко на оскаровецот Мајкл Даглас.