Кошарка

Нови порази за Работнички и МКК Куманово,

Нови порази за Работнички и МКК Куманово,

Кошаркарските екипи на Работнички и Куманово продолжуваат со негативната серија на стартот од 2026 година, откако во денешното коло претрпеа нови порази, овојпат од Тиквеш, односно од Феникс.

Куманово доживеа тесен и болен пораз на гостувањето кај Феникс, во натпревар исполнет со неизвесност и постојани промени во водството. Гостите имаа предност во самиот финиш, но во последните минути потфрлија, што домаќините го искористија и во драматична завршница славеа со 86-84.

Работнички, пак, не успеа да се израдува на гостувањето во Кавадарци, каде што загуби од Тиквеш со 85-74.

 

To top