Koаркарите на ТФТ ја впишаа петтата победа во регионалната АБА2 лига.
Во натпревар од претпоследното коло од лигашкиот дел, ТФТ го совлада тимот на Студент, Бања Лука убедливо со 107:79.
Македонскиот вице-шампион победата ја најави уште во првото полувреме.
Избраниците на Боро Смилковски го добија првиот квартал со 11, а вториот со 7 разлика, па на одмор заминаа со +18 (50-32). Младиот гостински тим немаше никакви шанси, а ТФТ рутински го одработи второто полувреме.
Сега македонскиот тим има ефект од 5 победи и 2 порази, со кои е на делба од третото до шестото месо на табелата (4). Со една победа помалку, но седми е тимот на МЗТ Скопје Аеродром.
ТФТ и теоретски би обезбедил четвртфинале, доколку вечерва екипата на Слобода загуби од тимот на Вршац.
Во последното коло, ТФТ ќе и гостува на босанската екипа Јахорина на 4 март.