Храна и Пијалаци

Пржени сардини (гирици)

Пржените сардини, познати и како гирици, се едноставно, вкусно и традиционално јадење. Се подготвуваат брзо и се совршени како главно јадење или мезе, послужени со лимон и свежа салата.

Состојки:

500 грама мали сардини (гирици)
3–4 лажици брашно
1 прстофат сол
1 кафена лажичка мелен црвен пипер
Масло за пржење

Подготовка:

Сардините исчистете ги (доколку е потребно) и пожелба извадете ги главите, измијте ги под млаз ладна вода и добро исцедете ги.

Посолете ги и наросете ги со мелен црвен пипер. Во длабока чинија ставете го брашното и извалкајте ги сардините рамномерно.

Загрејте доволно масло во тава на средна температура. Пржете ги сардините од двете страни додека не добијат златножолта и крцкава кора на средна температура.

Извадете ги на хартија за да се впие вишокот масло.

Послужете ги топли, со парчиња лимон, свеж кромид или салата по избор. Најдобри се кога се свежо испржени.

To top