Свет мосад

МОСАД со пунуда до лидерите на Хамас: Напуштете ја Газа!

Директорот на Мосад (израелската национална разузнавачка агенција), Дејвид Барнеа им предложил на лидерите на Хамас да го напуштат Појасот Газа како дел од поширокиот договор за прекин на огнот, објави Си-Ен-Ен во понеделникот цитирајќи двајца официјални претставници запознаени со тековните меѓународни дискусии.

Се вели дека за тоа било разговарано најмалку двапати во текот на пошироките преговори за прекин на огнот, еднаш во декември во Варшава од Барнеа, а потоа повторно овој месец во Доха со американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Во објавта на Си-Ен-Ен се вели дека, иако излегувањето на раководството на Хамас од Појасот ќе ја лиши терористичката група од контролата над Газа, предлогот не имплицира дека Израел нема да ги таргетира највисоките функционери на Хамас во странство.

Вонредниот предлог доаѓа по извештаите за проценките на американските разузнавачки служби за постигнувањата на Израел во војната со Хамас. Израелските одбранбени сили (ИДФ) убиле меѓу 20 и 30 отсто од оперативците на терористичката група, објави Волстрит журнал во неделата.

Во исто време, Јахја Синвар, лидерот на Хамас во Појасот Газа, како и политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије, не комуницирале најмалку еден месец, соопшти Волстрит журнал цитирајќи египетски извори.

Израел активно продолжува со преговорите за нов договор за ослободување на заложниците под посредство на Катар.

Според информациите за преговорите, Израел предложил двомесечен прекин на огнот како дел од „повеќефазен договор“ кој ќе вклучи ослободување на сите преостанати заложници на Хамас, држени во Газа.

To top