На 03.02.2026, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршија службен разговор со Б.Б.(29) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела „кражба“.
Одземеното ќе биде вратено на сопствениците.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против Б.Б. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.