Кошарка

Жељко Обрадовиќ се враќа во Панатинаикос?

Жељко Обрадовиќ се враќа во Панатинаикос?

Грчките медиуми веќе објавија коефициенти за тоа кој би можел да биде нов тренер на Панатинаикос, ако клубот одлучи да направи промени на клупата.

Според тие коефициенти, Атаман сѐ уште е фаворит да остане на кормилото, но веднаш зад него следува Жељко Обрадовиќ, легендарниот српски тренер кој во минатото доживеа огромни успеси токму со Панатинаикос.

Обрадовиќ, кој е без ангажман уште од ноември минатата година, се поврзува со потенцијален повраток во Атина. Неговата неверојатна статистика во зелениот дрес, вклучувајќи пет титули во Евролигата и бројни домашни трофеи, го прави еден од најпознатите и најефикасни тренери во историјата на клубот.

Покрај Обрадовиќ, на листата на можни кандидати се споменуваат и други искусни стручњаци, но со значително поголеми коефициенти, што го прави нивното доаѓање помалку веројатно во овој момент

To top