Фудбал

Арсенал ќе се обиде да го купи Тонали

Арсенал ќе се обиде да го купи Тонали

Лидерот во Премиерлигата Арсенал е заинтересиран да ги засили своите редови со играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали.

Истиот извор наведува дека лондонскиот клуб неочекувано ги засилил преговорите за трансфер на 25-годишниот италијански фудбалер, откако првичната понуда до Њукасл беше одбиена.

Тонали е во Њукасл од летото 2023 година. Оваа сезона тој има 35 настапи во сите натпреварувања и пет асистенции.
Вредноста на Тонали на трансфер пазарот се проценува 75 милиони евра.

To top