Екипа од ЈП „Македонија пат “ Подружница Велес е на терен и работи на расчистување на поголем одрон од карпа која падна денеска околу пладне на патот Градско – Велес кај поранешната Хемиска индустрија ХИВ.
Екипата од вработени од ЈП „Македонија пат“ од велешката Подружница замина на терен со машина скип – багер и веќе работи на расчистување на карпата и оспособување на патот, информира за МИА, Ристе Коџобашиев раководителот на оваа велешка подружница на ЈП „Македонија пат“.
Одронот на карпа е последица на обилните дождови и лизгавоста на теренот на овој дел од патот Градско – Велес.