Околу 1.000 луѓе можеби исчезнале во морето како резултат на бурите предизвикани од циклонот Хари, кој минатиот месец предизвика сериозна штета во јужна Италија, соопшти денеска невладината организација за спасување мигранти „Медитеранеа сејвинг хјуманс“, цитирана од италијанската новинска агенција АНСА.
Проценката се базира на информации собрани од бегалци во Либија и Тунис за бродови што исчезнале за време на лошите временски услови, објасни организацијата.
Претседателката на организацијата, Лаура Марморале го опиша инцидентот како „една од најголемите трагедии во последните години на централната медитеранска рута“.
Таа ги обвини владите на Италија и Малта дека не реагирале соодветно, посочувајќи дека тие „молчеле“ и „не презеле никакви дејствија“ како одговор на тоа што се случило. (МИА)