Следниот круг тристрани преговори помеѓу Москва и Киев со посредство на САД ќе се одржат на 4 или 5 февруари во главниот град на Обединети Арапски Емирати, Абу Даби, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека вчера планираните преговори не се одржале поради проблеми со распоредот.
-Досега двете страни успеаја да ги намалат своите разлики по некои прашања, но не постигнаа сличен напредок по најсложените прашања, наведе Песков. (МИА)