Во рамки на официјалната посета на Брисел, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ја започна агендата на средби со амбасадорката на Република Кипар, г-ѓа Кристина Рафти.
За време на средбата, министерот Сали ѝ честиташе на амбасадорката Рафти по повод преземањето на Претседателството со Советот на Европската Унија од страна на Република Кипар, информирајќи ја за досегашните резултати во процесот на европска интеграција на државата.
Во фокусот на разговорите беа реформската агенда, Планот за раст за Западен Балкан, како и клучните приоритети во рамки на напредокот на преговорите со Европската Унија. Беше нагласена важноста од континуирана соработка и поддршка од европските партнери за реализација на реформите и понатамошно унапредување на интегративниот процес.