Свет „Европски штит за демократијата“

ЕУ се подготвува за отворање на Центар за хибридни закани

Предвидено е во активностите на Центарот да биде вклучена целата Европска комисија, а неговото седиште да биде во Генералниот директорат за комуникации на ЕК (ДГ ЦОММ).

ЕУ се подготвува за отворање на Центар за хибридни закани

Европската комисија забрзано работи на дооформување на Центарот за хибридни закани, кој би требало официјално да биде отворен на 24 февруари на маргините на Советот за општи работи на ЕУ.

Центарот, кој дел од иницијативата „Европски штит за демократијата“, е замислен како тело на ЕУ за борба против онлајн хибридните закани и мешањето во изборните процеси од страна на земји како Русија.

Предвидено е во активностите на Центарот да биде вклучена целата Европска комисија, а неговото седиште да биде во Генералниот директорат за комуникации на ЕК (ДГ ЦОММ).

За подобрување на координацијата во борбата против дезинформациите Центарот тесно ќе соработува со одделите за правда, дигитална политика и надворешна политика на ЕУ, вклучително и со Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). (МИА)

To top