Хрватските ракометари побарале на свечениот пречек на плоштадот „Бан Јосип Јелачиќ“ во Загреб да настапи Марко Перковиќ Томпсон, но градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, претходно објави дека Томпсон нема да настапува додека тој е градоначалник.
Федерацијата им се заблагодарува на сите градови кои понудија организирање на пречек, а премиерот Андреј Пленковиќ ќе организира прием за репрезентацијата денес во 12 часот.