Францускиот возач во Формула 1, Пјер Гасли, наводно станал малцински сопственик на евролигашот Асвел, откако клубот финализирал влез на нов инвеститор во сопственичката структура.
Потегот е оценет како неопходен со цел финансиска стабилизација во тешкиот период низ кој поминува клубот.
Според информациите, станува збор за помала група инвеститори, а најпознато име меѓу нив е токму Гасли, кој на овој начин влегува во кошарката на сопственичко ниво.