Живот и Стил

Денеска е Собор на руските новомаченици и исповедници

Денеска е Собор на руските новомаченици и исповедници

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 јануари.

Собор на руските новомаченици и исповедници

Соборот на Руските новомаченици и исповедници се празнува на 25 јануари /7 февруари, доколку овој датум е во ден недела, инаку се слави во првата недела по 7 февруари.

На овој ден на Соборот на Руските новомаченици и исповедници се празнува споменот на светителите чиј ден на упокојување не е познат и се спомнуваат сите починати што пострадале за време на прогоните за верата Христова.

Меѓу злосторнички убиените и намачените во време на прогонството има неброено мноштво православни: мирјани, монаси, свештеници, архиереи, чија единствена вина била нивната цврста вера во Бог.

Меѓу тие што пострадале за верата во 20 век се: свети Тихон, Патријарх Московски и на цела Русија; светите Царски Маченици; свештеномаченикот Патар Крутицкиј; свештеномаченикот Владимир, митрополит Киевски и Галицки; свештеномаченик Венијамин, митрополит Петроградски и Гдовски; свештеномаченик Серафим Чичагов, митрополит; свештеномаченик протопрезвитер Александар; преподобните маченички Елисавета, кнегиња, и монахињата Варвара; и сето мноштво светии знајни и незнајни.

Поврзани теми

To top