Ракомет

Сигурдсон се извини на ЕХФ за острите зборови пред полуфиналето на ЕП

Сигурдсон се извини на ЕХФ за острите зборови пред полуфиналето на ЕП

Претседателот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), Михаел Видерер, објави дека селекторот на хрватската репрезентација, Дагур Сигурдсон, се извинил за начинот на кој ја критикувал организацијата на ЕП.

Видерер одржа прес-конференција во Хернинг, каде што беше прашан за критиките што Сигурдсон ги упати во четвртокот, пред полуфиналниот натпревар помеѓу Хрватска и Германија.

Хрватскиот селектор во тоа време беше многу суров, велејќи дека ЕХФ покажува малку или никакво почитување кон играчите и персоналот на националните тимови.

Тој особено го истакна нееднаквиот распоред за одмор за тимовите пред полуфиналето.

Потоа Сигурдсон ја спореди ЕХФ со синџир за брза храна, а сопствениот тим со замрзнато пилешко.

„Тие се како ресторани за брза храна, воопшто не се грижат за квалитетот, само сакаат да продадат производ. Или, всушност, се како агенција за настани што само ангажира некои изведувачи да направат претстава и да организираат убава прес-конференција. Не им е грижа што моравме да патуваме четири часа од Малме тоа е сосема неважно за нив“, рече Сигурдсон.

To top