Водечките тимови на табелата во суперлигашката кошаркарска конкуренција ТФТ и МЗТ Скопје забележаа нови победи.
Во натпреварите од 13.коло одиграни попладнево двата тима се радуваа на гостински терен.
Лидерот на табелата ТФТ во неизвесен натпревар славеше во дуелот против работнички со 84-88.
Ташовски и Дејвис, кои реализираа по 20.поени беа двајцата најефикасни кошаркари во победничката екипа. Во таборот на Работнички, Ефремовски и Рикиќ имаа по 24.реализации, Робев додаде 18.поени.