Искусниот италијански фудбалер Чиро Имобиле, би можел да ја продолжи својата кариера во Франција.
Новиот прволигаш ФК Париз е во напредни преговори за потпишување на 35-годишниот играч на Болоња, објави новинарот Фабрицио Романо.
Имобиле дојде во Болоња од Бешикташ како слободен играч во летото. Од почетокот на сезоната, тој одигра само 9 натпревари во кои не постигна гол.