Останати спортови

Рибакина ја совлада Сабаленка и го освои АО

Рибакина ја совлада Сабаленка и го освои АО

Елена Рибакина приреди изненадување и ја победи Арина Сабаленка првиот голем трофеј оваа сезона.

Тенисерката која игра под знамето на Казахстан го доби финалето на Австралија Опен со 1-2 по два часа и 19 минути борба.

Уште во првиот гем Рибакина успеа да направи брејк кој потоа го одбрани низ стартниот сет. Иако Сабаленка имаше две брејк-шанси, не ги искористи и ривалката со 4-6 дојде во водство.

Вториот сет беше исто така апсолутно израмнет. Најдраматичен беше вториот гем кој беше најдолг, а Рибакина спречи три обиди за брејк.

Во целосно израмнет сет Сабаленка дури во десеттиот гем при сервис на противничката одлично се снајде и стигна до 6-4.

Најдобрата на светот отвори одлично и во решавачкиот сет, бидејќи направи брејк и стекна водство од 3-0.

Сепак, на тоа Рибакина одговори со дури два брејка и врза пет гема во низа за пресврт (3-5).

До крајот немаше изненадувања и Русинката која од 2018 година игра под знамето на Казахстан стигна до вториот голем трофеј во кариерата.

Претходно Рибакина го освои само уште Вимблдон во 2022 година.

To top