Кетрин О’Хара, актерката која освои Еми за нејзиното толкување на ексцентричната Мојра Роуз во „Шитс Крик“, почина на 71-годишна возраст, објави нејзиниот менаџер.
Меѓу другите улоги, О’Хара ја играше и Кејт Мекалистер, мајката на ликот на Меколи Калкин во „Сам дома“ и Делија Диц во „Бубимир“.
BBC, повикувајќи се на соопштение од Creative Artists Agency, објави дека актерката починала во петокот во својот дом во Лос Анџелес по кратко боледување.
Улогата на Роуз во серијата „Шитс Крик“ ѝ ја донесе наградата за најдобра актерка во категоријата комедија на доделувањето на наградите „Златен глобус“ во 2021 година.