Останати спортови

Линдзи Вон го доведе во прашање настапот на ЗОИ

Линдзи Вон го доведе во прашање настапот на ЗОИ

Американската скијачка ѕвезда Линдзи Вон имаше пад на последната трка од Светскиот куп во спуст во Кран-Монтанa, само неколку дена пред почетокот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

Таа изгуби контрола по еден скок на патекатa и заврши во безбедносната ограда, со што го повреди коленото додека се спушташе во магливо време и тешка видливост.

Вон, која оваа сезона имаше успешни резултати во Светскиот куп, сепак успеа да стигне до целта, но со јасни знаци на болка и отежнато движење.

Поради серијата падови и тешките услови, организаторите ја откажаа трката.

По падот, на Вон ѝ беше укажана лекарска помош на самата патека, по што беше префрлена со хеликоптер за дополнителни испитувања, додека не е позната точната сериозност на повредата

To top