Заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.
За време на средбата беше реафирмирана континуираната поддршка на Република Словенија за Република Македонија, Грегор Прескер во процесот на европска интеграција. Амбасадорот Прескер ја изрази целосната подготвеност на Амбасадата и на словенечката држава за продолжување на соработката и поддршката преку конкретни проекти.
Министерот Сали информираше за динамиката на реформите и ја истакна определбата на Владата за унапредување на евроинтегративната агенда, изразувајќи благодарност до Република Словенија за досегашната помош.