Тринаесет годишно девојче е тешко повредено откако во него удрило автомобил, по што возачот избегал.
Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи информира дека настанот се случил ул. „Павле Аврамоски“ во Гостивар, вчера околу 12:30 часот.
-Возило удрило во 13-годишна малолетничка од Гостивар, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во Општа болница Гостивар, информира Реџепи.
Извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа на ОВР Гостивар и се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и расчистување на случајот.