Македонија Клиника за детски болести

Малата Амина ја победи лошата болест: Маскирана во принцеза ја напушти клиниката, ѕвонеше најсреќното ѕвонче (ВИДЕО)

Облечена како нејзиниот омилен лик од цртаните филмови, Елса од „Frozen“, Амина со син фустан, перика со плетенка, круна на глава и магично стапче ја напушти клиниката.

Малата Амина ја победи лошата болест: Маскирана во принцеза ја напушти клиниката, ѕвонеше најсреќното ѕвонче (ВИДЕО)

Нова радосна вест од Клиника за детски болести. Уште едно дете ја победи лошата болест и со звукот на ѕвончето ја прослави победата.

Победничкото ѕвонче повторно силно ѕвонеше за да слушнат сите дека суперхероината АМИНА храбро ја помина и ја освои тешката битка.

Облечена како нејзиниот омилен лик од цртаните филмови, Елса од „Frozen“, Амина со син фустан, перика со плетенка, круна на глава и магично стапче ја напушти клиниката.

-На АМИНА и посакуваме многу здравје и среќно и безгрижно детство, велат од Клиниката за детски болести.

Најнови вести од Македонија

To top