Во врвот на една перверзна хипокризија, партијата која за 7 години владење ја донесе Македонија во национален, економски, правосуден и изберете каков не колапс, веќе втор ден по ред бара Владата да нашла пари за да ја зголеми минималната плата на 600 евра. Максимално сериозни. Нејсе што тоа 84 месеци не им текна ним, да „побараат“ пари за да тие ја „покачат“ платата, туку истите тие пари ги крадеа како да не виделе. Граѓаните можат да се присетат на Димова, Рашковски, Мухи, Дончев, Ковачевски на квадрат (Васко и другиот со фотоволтаиците за жената му), Коста, Дончев, Катица, Артан и главниот коловодец Заев кој добиваше милионски грантови од државата за мамаси, папаси и ред други „детски“ додатоци.
Арно ама, сега на другарчето му Филипче познато по провизиите со ковид-вакцините, купувањето болници, дарови од 130-илјадни џипови, хациенди на Нерези кои „не постојат“, исто како и становите во Дубаи, му „светна“ брилијантна идеја и од вчера запна да бара „под хитно“ владата да нашла пари за работниците.
Мизерна демагогија без граници која ја продолжи неговата партија, маѓепсана од прекрасната идеја на „лидерот“ лузер.
„Наместо изговори за да не ги покачи платите, Владата на Мицкоски да обезбеди пари за зголемување на минималната плата за 600 евра“, срочи најненародната партија во историјата на Македонија и многу пошироко, елитистичка збирштина на татини и мамини синови кои немаат, ниту некогаш имале абер како е да се живее со нормална плата во работничко семејство.
СДС втор ден „бараат“ Владата да најде 600 евра за работниците, а на социјалните мрежи исто втор ден ја упатуваат владата како да ги најде истите тие пари.
„Владо, парите за 600 евра минимална плата се кај Црпко во Дубаи“
„Филипче нека се исценка за да не иде у ќорка за Жан Митрев, та нека каже где су паре“
„Да не крадеа 7 години како улави СДС и ДУИ, може и 1600 евра ќе беше минималната плата“
„СДС стана ‘работничка’ партија откако ММЕ на истите и остави на улица стотици илјади работници во транзицијата?! МАЛО СУТРА…“
„Арамиите бараат Владата да најде пари, гарант знаат каде се истите, стајте ги во Шутка, се ќе си признаат“
„Владо не ги наоѓајте парите, СДС ќе ги украде кога пак ќе дојде на власт. Шуќур, што тоа никад нема да се деси…“
„Венко не џабе бара да се „најдат“ парите, знае нешто пустиот што ние не знаеме. Брат, трепни двапати ако си киднапиран!“
„Кај се парите??? СДС пак си ја бараат белјата, со боринче…“
Ова е само дел од „насоките“ кои граѓаните им ги даваат на социјаните мрежи на владините претставници како и каде да „најдат“ пари за работниците, одговор на крајното лицемерие на СДС кое не минува кај никој нормален во државата, ист ефект како и кога есдесовци зборуваат дека некој крадел, па за патриотизам, дека некој „ќе одговарал“, наративи кои им стојат како пижами на слон…