Едно лице е повредено во текот на ноќта во руски напад на Дњепропетровската област во југоисточна Украина, а оштетени се претпријатија, една установа на културата, како и една куќа, соопшти утрово началникот на воената управа на областа, Олександр Ганжа.
Тој на Телеграм наведе дека руските сили со дронови и артилериски гранати ги нападнале окрузите Синелники, Никопол и Павлоград во Дњнепропетровската област, пренесе Укринформ.
Украинската противвоздушна одбрана (ПВО) соборила 80 руски дронови во текот на ноќта, соопштија Воздухопловните сили на Вооружените сили на Украина. Се наведува дека руските сили во текот на ноќта лансирале вкупно 111 дронови. (МИА)