Ракомет

РК Алкалоид е посилен за Филип Николов

РК Алкалоид е посилен за Филип Николов

Ракометниот клуб Алкалоид во своите редови го доведе досегашниот десен бек на тимот на Бутел, Филип Никилов.

Овој 26. годишен ракометар, потекнува од Велес, а во својата кариера го носеше уште и дресот на екипите на РК Радовиш и РК Охрид.

Со ова РК Алкалоид добива уште едно засилување на десната бековска позиција, и го пополнува ростерот со уште еден квалитетен млад и преспективен ракометар.

Николов е со статус на младински репрезентативец, а Алкалоид со ова секако ја продолжува стратегијата на создавање на тим кој што се базира прес се на млади и талентирани ракометари со перспектива пред себе.

To top