Храна и Пијалаци рецепт

Пржени лепчиња на унгарски начин

Направите крцкави и сочни унгарски пржени лепчиња полни со сирење. Уживајте во нив додека се топли.

Пржени лепчиња на унгарски начин

Направите крцкави и сочни унгарски пржени лепчиња полни со сирење. Уживајте во нив додека се топли.

Унгарските пржени лепчиња се многу подобри од обичните. Комбинираат сочност и богат вкус со крцкава, златна кора благодарение на сирењето и одвнатре и однадвор.

Одличен избор се кога сакате нешто релативно брзо, но обилно за појадок. Совршени се за лежерни утра или удобност по напорен ден.

Не ги подготвувајте однапред. Направете ги и пржете ги веднаш, едно по едно, бидејќи лебот премногу ќе омекне, ќе впие премногу масло и ќе се распадне за време на пржењето.

Потребни состојки:

20 парчиња бајат леб
10 парчиња сирење по избор
300 гр рендано сирење по избор
300 мл млеко
100 гр брашно
4 јајца
масло за пржење

Подготовка:

Истурете го млекото во длабок сад. Во втор сад, добро изматете ги јајцата. Во трет сад, истурете го брашното. Во четврти сад, ставете го ренданото сирење.

Потопете го секое парче леб многу кратко во млекото, веднаш извадете го и нежно стиснете го меѓу дланките. Ставете парче сирење на едното парче, а потоа преклопете го со друго парче – како сендвич.

Подготвениот сендвич прво извалкајте го во брашно, потоа во изматените јајца, па ставете го во садот со ренданото сирење. Посипете малку сирење одозгора за убаво да се залепи.

Загрејте го маслото во тава. Внимателно спуштете го лебот во врелото масло и пржете го од двете страни додека не добие убава, златнокафена кора.

Готовите пржени лепчиња извадете ги на хартиена крпа за да се исцеди вишокот маснотии. Сервирајте топли, со јогурт или кисело млеко.

To top