Македонија 15 месеци работеле „на црно“ и ќариле 14 милиони денари

Финансиска полиција со кривична пријава за Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика

Овозможил фирма на која не и одзел линценца да се стекне противправна корист од 230.000 евра.

Финансиска полиција со кривична пријава за Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Марко Бислимовски во својство на Претседател на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службена положба и овластување” од чл.353 ст.4 в.в ст.1 од Кривичниот Законик на Република Македонија. Овозможил фирма на која не и одзел линценца да се стекне противправна корист од 230.000 евра

Пријавениот М.Б. во својство на Претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република  Македонија, ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на начин што, спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци иако бил должен да отпочне постапка за одземање на лиценца за вршење на енергетска дејност, трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт-трговија на големо со еуродизел БС
(Д-Е V), биодизел, еуросупер БС 95, екстра лесно 1 (ЕЛ-1) и течен нафтен гас (ТНГ) на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, поради неисполнување на законски пропишаните услови, донел незаконско Решение за прекин на постапката и наместо лиценцата да биде одземена на 15.01.2024 година, истата е одземена дури на 14.04.2025 година, со што ѝ овозможил на компанијата противзаконски да продолжи со вршење на енергетска дејност 15 месеци по истекот на законските услови и да учествува и да склучува договори по
однос на јавни набавки. Со горенаведените дејствија, пријавениот ги повредил прописите кои бил должен да ги спроведува и му овозможил на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје да оствари вкупен промет во висина од 194.520.962,00 денари и да се стекне со противправна имотна корист во износ од 14.093.576 денари.

Најнови вести од Македонија

To top