Велат дека играорците не заминуваат засекогаш, тие само го менуваат ритамот. Симеон не беше само дел од овој ансамбл, тој беше дел од душата на секое оро, секој чекор и секое искрено ‘Аирлија’! зад сцената, велат од Танец.
Со својата посветеност, ведар дух и неизмерна љубов кон татковината, тој остави трага што времето не може да ја избрише.
Ве покануваме на една незаборавна вечер посветена на ликот и делото на прераното заминување на Симеон Чулев. Под насловот „Чекори што не згаснуваат“, овој настан ќе не поведе низ емотивна музичка ретроспектива и славење на трајните вредности кои тој ги остави зад себе, се наведува во поканата од Танец.
• Датум: 27 февруари 2026 година (петок)
• Час: 19:30 часот
• Локација: Македонски народен театар (МНТ)
Информации за продажба на билети:
• Билетара на МНТ: Секој работен ден и пред почетокот на настанот.
• Онлајн продажба: Преку официјалниот систем на влезници на МНТ ( mnt.mk )
„Уметноста не познава време, а трагите кои се длабоки-никогаш не згаснуваат“.