Фудбал

ФК Вардар со две нови засилувања

ФК Вардар со две нови засилувања

Лидерот на табелата во ПМФЛ и бранител на Куп трофејот Вардар, сезонава ќе атакува на двојна „круна“.

Вардарци по долги години ќе се обидат да стигнат до шампионскиот трофеј првак на Македонија, а воедно да го одбранат и пехарот во Купот.

За таа цел цевено-цените кои се на подготовки во Анталија, ангажираа двајца нови фудбалери.

Скопскиот тим се пофали дека денеска се очекува да ја официјализира соработката со македонскиот репрезентативец Дарко Велковски и српскиот напаѓач Стефан Цветковиќ.

Воедно вардарци информираа дека, до крајот на викендот се очекуваат уште две засилувања.

To top