Свет може да побараат и за македонија во истата година

FBI бара докази за украдени гласови на изборите во САД во 2020-та

Истиот сомнеж македонските граѓани го имаат за изборите во истата, 2020-та година како и за 2017-та, избори со тотално нелогични резултати според расположението на народот, кои беа „ветер во едра“ за Заевци во промената на името. Ова е јавна тајна за местенките на парламентарните 2020-та и локалните избори 2017-та во Македонија. Бујрум, ФБИ, проверете, и кај вас и кај нас, „на ист трошок“…

FBI бара докази за украдени гласови на изборите во САД во 2020-та

Американската федерална полиција изврши претрес во изборна канцеларија во округот Фултон во Џорџија, барајќи докази за тврдењата на претседателот Доналд Трамп дека со измама му била „украдена“ победата на изборите 2020 година.

Агентите на ФБИ заплениле компјутери и 700 кутии со гласачки ливчиња, и евиденции и коверти со гласови испратени по пошта.

На претресот присуствувала и директорката на разузнавачките служби, Тулси Габард.

Трамп неодамна во Давос го повтори своето долгогодишно обвинување дека биле наместени изборите во 2020 година, на кои со тесна разлика изгуби од демократот Џо Бајден. „Луѓето наскоро ќе бидат гонети за она што го сториле“, предупреди Трамп.

Министерството за правда објави тужби против Џорџија и уште неколку сојузни држави, барајќи да предадат големи количини на документи поврзани со изборите во 2020 година. Државите ги оспорија барањата како неуставно кршење на нивните овластувања за управување со избори.

Истиот сомнеж македонските граѓани го имаат за изборите во истата, 2020-та година како и за 2017-та, избори со нелогични резултати според расположението на народот, кои беа „ветер во едра“ за Заевци во промената на името. Ова е јавна тајна за местенките на парламентарните 2020-та и локалните избори 2017-та. Бујрум, ФБИ, проверете, „на ист трошок“…

Поврзани теми

To top